Собранието по скратена постапка ја усвои Декларацијата со која се осудува воената агресија од Русија и се поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
„За“ Декларацијата гласаа 104 пратеници, тројца беа „против“, а еден пратеник беше воздржан.
Декларацијата се состои од осум точки, а во неа се наведува дека таа ќе се достави до Владата, Министерството за надворешни работи и до Министерството за одбрана.
Предлогот за Декларацијата беше на ЛДП.
-Ова е прашање кое што не ги засега само Русија и Украина, не ги засега само Европа или Азија, туку го засега селиот свет. Никој не се надеваше дека во 21-от век ќе има напад на мирот и светот ќе биде на работ на војна. Ваквите ситуации треба будно да се следат и затоа и Бундестагот и ЕП заседаваат по итни седници, рече во нејзиното гостување во „Утрински брифинг“ Моника Зајкова од ЛДП.