Со платформата „мЗаедница“ започна дигитализацијата на општинските услуги во Аеродром

2 mins read

-Општина Аеродром од денеска уште повеќе ја доближуваме до жителите, низ еден транспарентен процес ја зајакнуваме довербата во општинските служби и ја зголемуваме ефикасноста во работата преку имплементирање на мобилната и веб-апликација „мЗаедница – Аеродром“, изјави градоначалникот Тимчо Муцунски на денешната презентација на оваа интерактивна дигитална платформа со која почнува процесот на дигитализација на општинските услуги.

Тој посочи дека „мЗаедница“ ќе им овозможи на граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и со еден клик да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина, што беше едно од неговите приоритетни ветувања.

Апликацијата која на Општина Аеродром ѝ е дадена на користење без ниту еден дополнителен трошок е развиена од Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42 – 21“ кој ги следи глобалните трендови и динамиката на современото живеење и ја препознава потребата од дигитализирање на сите услуги што сè повеќе ни се потребни во секојдневието.

Проектниот менаџер во „Блинк 42-21“, Марија Василевска, истакна дека аеродромци преку успешниот проект „мЗаедница – Аеродром“ ќе можат да придонесат за развој на своите населби и посочи дека се среќни што локалната самоуправа и градоначалникот Муцунски го препознаваат значењето и потребата на дигитализацијата на локалните услуги, но и вклученоста на граѓаните во градењето на подобра заедница за сите.

„Преку апликацијата секој граѓанин може по дигитален пат да аплицира за субвенции, без обврска да оди до архивата на Општината, но, и да дава предлози за животната средина, инфраструктурата во општината, градинките, основните училишта и другите области, како и да пријавуваат проблеми со кои се соочуваат. Граѓаните за пократко време и со помалку трошоци ќе ги остваруваат своите права, а општината ќе биде подобро запознаена со потребите на урбаните заедници, со што ќе се креираат и поквалитетни и поодржливи локални политики“, изјави Василевска.

Општина Аеродром и „Блинк 42-21“ и во иднина ќе ја продолжат соработката во правец на модернизирање на услугите и сè поопфатна дигитализација за да се олесни пристапот на граѓаните до општинските услуги, порачаа денеска на прес-конфенцијата. 

Упатството за користење на оваа апликација може да го видите на следниов линк

skopjeinfo.mk

Претходно

МЗ: 467 нови ковид случаи, 14 починати

Следно

ФОТО | Карлеуша со трогателна објава: Откако мајка ми замина, немам на кого да се пожалам кога ми е тешко

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian