Рускиот амбасадор во Србија: Конфликтот во Украина нема да се претвори во трета светска војна

1 min read

Рускиот амбасадор во Србија Александар Боцан Харченко изјави дека односот на неговата земја кон Косово нема да се промени, без разлика што Москва го признала суверенитетот на Доњецк и Луганск и оти тоа нема да го бара од Србија.

– Како и за другите прашања, ставот на Русија за Косово е принципиелен, траен и не се менува во зависност од промените на Балканот или пошироко. Таа позиција се заснова на меѓународното право. Ќе продолжиме да работиме заедно за да го решиме косовското прашање, изјави Харченко за „Вечерње новости”.

На прашањето дали Москва ќе побара од Белград да ги признае Доњецк и Луганск, тој одговори – „секако дека не”.

– Тоа се веќе независни држави. Ќе повторам, ние не бараме ништо од Србија, рече Харченко.

Според него, не постои реална опасност конфликтот во Украина да се претвори во трета светска војна.

– Путин е решен, тој веќе рече не се мешајте во овие работи, тој е доста сериозен. И мислам дека овие пораки се примени доста сериозно. За жал, тие не сакаа да сфатат пред 24 февруари, дека постојат црвени линии и оти нашето трпение е исцрпено, рече Харченко.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Координирана акција на Град Скопје и општините за спречување создавање депонии на приватен имот

Следно

Ким конечно е слободна жена: Канје имал три барања, судот ги отфрлил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian