Прва крипто војна: Украина собра преку 40 милиони долари од криптодонации, од кои 7 милиони се од „NTF“

3 mins read

Украина досега успешно собра 40 милиони долари од криптодонации, од кои дури 7 се од „NTF“-продажба. Преку многубројни апели на Твитер, социјални мрежи, ова „прибирање“ средства е на некој начин прва крипто војна во светот, според „The Washington Post.

Во вторникот, „NТF“  украински знамиња беа продадени на група донатори за 2.250 ETH (6,75 милиони долари). Знамето беше продадено на аукција од Ukraine DAO, кооснована на 24 февруари од руската членка на Пуси Рајот Надја Толоконикова, а приходите се донирани на хуманитарната организација Come Back Alive, која ќе дистрибуира храна и медицински материјали за цивилите и украинската војска. Како што истакнаа на нивната официјална страница, Ukraine DAO има најголем придонес  во криптовалутите досега. Идејата да се формира Ukraine DAO настана набрзо откако Путин ја почна војната.

„Надја од бендот „Pussy Riot“, Трипи од Trippy Labs и членовите на Pleaser DAO почнале онлајн разговор, повикувајќи различни луѓе со различни искуства во технолошкиот свет, активисти, уметници, музичари, уредници, инфлуенсери… И со заедничка цел веднаш да им помогнат на Украинците на терен“ – велат меѓу другото од организацијата.

На почетокот постоела идејата уметниците нешто да направат сами, но групата сепак се одлучила за „NFT“ кој би требало да биде симбол на украинскиот народ, фокусиран исклучиво на нив, а не на уметник или естетика.

„Со оглед на тоа дека во потполност ја поддржуваме организацијата која продава уметнички дела на аукција како знак на поддршка за Украина, сепак сметавме дека најдобро во мигов за донација е да се прифатат и можностите преку UD. Децентрализацијата на автономните организации се модел за кој сведочиме дека луѓе со иста цел можат да се вмрежат и брзо да делуваат во дистрибуција за средства за хуманитарни цели“

Во меѓувреме, уметница од Њујорк со руско потекло, Олив Ален, на аукција продава „NTF“ уметничко дело под називот “НЕТ ВОЙНЕ” (Не на војната), на кој е претставено мало сино мече со жолти црти како го држи натписот за стоп на војната. Таа е една од 59 те уметници кои го донираше своето дело во склоп на иницијативата меѓу Time i Оpensea платформата.

Таа објави фотографија на својот инстаграм-профил на кој напиша:„Јас сум Русинка, и солидарна сум со народот во Украина. Срцето ми се крши кога гледам што се случува. Многу сум против оваа разорна војна и руската влада. Путин полуде и неговите постапки немаат оправдувања. Се залагам за мир и слобода, денес и секој ден“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Невработените жени од општина Центар се дел од професионални обуки

Следно

Ѓоковиќ ќе може да игра на „Ролан Гарос“ и во Монте Карло?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian