Познати четвртфиналните двојки во ФА купот, Челси против Мидлсбро

1 min read

Денеска со жрепка ги дознавме четвртфиналните двојки во англискиот ФА Куп за чиј трофеј се одвојуваат неколку фаворити како Челси, Ливерпул и Манчестер сити.

Евертон ја оправда фаворитската улога елиминирајќи го Борехам вуд со резултат 2:0 во осминафиналната фаза.

Двоен стрелец на „Гудисон парк“ стадионот беше Рондон во 57 и 84 минута од средбата. Последниот учесник во четвртфиналето треба да го дознаеме на 7 март кога силите ќе ги одмерат Нотингем форест и Хадерсфилд таун.

На денешната жрепка Челси за противник го доби Мидлсбро, Ливерпул ќе игра со подобриот од мечот Нотингем форест – Хадерсфилд таун.

ФА Куп

Четвртфинале, двојки –

Кристал палас – Евертон
Мидлсбро – Челси
Нотингем форест/Хадерсфилд таун – Ливерпул
Саутемптон – Манчестер сити

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Босна и Херцеговина побара итен прием во ЕУ

Следно

Денес се празнуваат: Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian