По 40 години, Лепа Брена врти „нов лист“: Потполно се посветив на себеси и здравата исхрана!

2 mins read

Фолк иконата од поранешните ју-простори, Лепа Брена откри дека првпат по многу време во животот има вистинска пауза од настапи.

Таа овој период си го посветила на себеси и сопственото здравје, а освен што патуваше со сопругот Бобан на различни дестинации, се сврте и кон здравиот начин на исхрана. Напорните концерти, гостувањата кои со децении наназад ги имаше секојдневно, не дозволуваа да си посвети време за себе, исхраната и чувството на „слобода“. Тоа сега целосно е сменето.

„Потполно сум посветена на себеси, по скоро 40 години. Никогаш не сум имала подолга пауза од месец дена, па не ни можев да водам сметка што јадам, затоа што никогаш не ни бев дома. Сега го искористив овој период да одморам, но и да ја променам исхраната – изјави Брена, која го исфрлила целосно шеќерот од своето мени.

„Нездравите намирници за мене се минато. Масни производи не доаѓаат предвид. Не јадам ни торти, ни колачи и многу подобро се чувствувам со овој избор“.

Таа исто така успешно го „навлекла“ и сопругот на здрава исхрана, почнала да готви со вода, наместо со масло.

„И нему му се допаѓа тоа што го јадеме. Успешно ослабна, а и јас симнав три килограми, а поради мојата висина многумина мислат дека сум барем 10 килограми послаба“ – изјави пејачката за „Informer“, која одморот на Тајланд го искористи за детоксикација на организмот.

ФОТО | Лепа Брена ја покажа луксузната јахта: Летен одмор по Медитеранот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Радев: Народот што си дозволува да го изгуби сеќавањето е осуден да ја изгуби и слободата

Следно

ЕХФ Евро Куп: Гичевска не реализираше пенал за реми против Словенија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian