„Паркови и зеленило“ го одбележа роденденот со масовна акција за чистење

1 min read

Роденденот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, први Март, оваа година беше одбележан сo голема акција за чистење во кругот на претпријатието.

Сите вработени заедно со директорот Сотировски распределени во групи на повеќе локации во кругот на претпријатието, го чистеа зеленилото од избојци, отпадоци и смет. Во акцијата беше вклучена и механизација при што се изврши кастрење на гранки, сечење на диво израснатата вегетација и утовар на шутот.

-Трудољубивоста на сите вработени и овој пат се покажа како движечка сила и мотив за реализирање на уште повеќе вакви акции. Сепак целта на оваа акција е да дадеме пример и сите заедно да придонесеме во зачувувањето и грижата за хигиената на нашата најблиска околина, а со тоа и во напорите за подигање на еколошката свест кај секој поединец за почиста животна средна, велат од ЈП „Паркови и зеленило“. 

– Како претпријатие чија што дејност е грижата за јавните зелени површини, секогаш сме на страната и поддршката за вакви почести активности, кои неминовно треба да се приоритет на сите нас, додаваат оттаму. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Трајанов: Да се засилат критериумите за избор на уставни судии

Следно

ФОТО | Разговор со Хана Миленковска, режисерка: Околностите во кои живееме не смеат да ни го попречат чувството за создавање убавина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian