Ѓоковиќ ќе може да игра на „Ролан Гарос“ и во Монте Карло?!

1 min read

Новак Ѓоковиќ би требало да игра на грен слем турнирот „Ролан Гарос“, но и на Мастерсот во Монте Карло, со оглед на тоа што француската влада најави дека од 14 март ќе ги укине пасошите за вакцинација.

Досега настапот на Ѓоковиќ на тие два турнира беше под знак прашалник, со оглед на тоа што Србинот не е вакциниран.

Бидејќи одлуката стапува на сила на 14 март, Ѓоковиќ треба да игра и во Монте Карло (9-17 април), како и да ја брани титулата на „Ролан Гарос“ кој започнува на 22 мај.

И „Вимблдон“ треба да биде отворен за сите играчи, вакцинирани или не, во согласност со олеснувањето на ковид мерките во Велика Британија.

Српскиот ас засега не може да оди во САД, бидејќи и натаму важат правилата за забранет влез во земјата за невакцинирани лица.

Тоа значи дека најверојатно нема да игра на претстојните два мајстори – во Индијан Велс и Мајами.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прва крипто војна: Украина собра преку 40 милиони долари од криптодонации, од кои 7 милиони се од „NTF“

Следно

Собранието ја усвои Декларацијата за Украина, против гласаа само тројца пратеници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian