Координирана акција на Град Скопје и општините за спречување создавање депонии на приватен имот

1 min read

Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите за животна средина од скопските општини започнаа координирана акција за депонии и сметилишта на приватен имот.

Акцијата опфаќа евидентирање, пронаоѓање на сопствениците на имотот, задолжување со записник и решение за чистење на имотот во даден временски рок. Доколку субјектите не постапат по решенијата, имотот ќе го исчистат јавните комунални претпријатија на трошок на сопственикот.

Заедничката акција на градските и општинските инспектори за животна средина на терен се спроведува во општина Центар во населба Крњево, каде што со помош на механизација се чисти депонија составена од оштетени автомобилски гуми оставени на приватен незаграден имот, при што подигнати се околу 700 гуми, со што е спречено нивно потенцијално палење и загадување на воздухот и животната средина. 

 

 

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Муслиу: Приказната на Путин во однос на Украина е многу слична на бугарските националисти во однос на Македонија

Следно

Рускиот амбасадор во Србија: Конфликтот во Украина нема да се претвори во трета светска војна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian