Кејт Мидлтон препорачува: Детските книги што ги читаат принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис

3 mins read

Кејт Мидлтон ја споделува листата за читање на нејзиното семејство во чест на Светскиот ден на книгата кој се одбележува следниот месец на 23-ти април.

Војвотката од Кембриџ во тим со Камила, војвотката од Корнвол и нејзиниот онлајн клуб на читатели откри пет книги што сака да ги чита на своите деца, принцот Џорџ(8), принцезата Шарлот(6) и принцот Луис(3).

Една од препораките на Кејт има посебна врска со нејзината ќерка: „Charlotte’s Web“(Пајажината на Климентина). Кејт рече дека иконската приказна е „класика за сите времиња и сакана во нашата куќа од очигледни причини. Ова е шармантна приказна за пријателството, лојалноста и љубовта“.

40-годишната Кејт зборува и за радоста кога ги слуша нејзините деца како ја читаат книгата „The Owl Who Was Afraid of The Dark“(Бувот кој се плашеше од темнината) од Џил Томлинсон, која уживала да ја чита како мала. Кејт ја прочита приказната за време на нејзиното неодамнешно појавување на „CBeebies Bedtime Stories“, популарна британска програма за деца која прикажува различна славна личност која чита приказна пред спиење секоја недела.

„Ја сакав оваа книга како мало девојче и слушајќи ги моите деца како ја читаат ми врати толку многу прекрасни спомени. Утешна приказна која им помага на децата да се соочат со своите стравови и да ја зголемат самодовербата со помош на другите“, вели таа.

Во нејзината листа е вклучена и „Stig of the Dump“(Стиг од Депонијата) од Клајв Кинг, кој нејзиниот татко Мајкл Мидлтон ја споделил со неа како дете.

„Како дете сакав да поминувам време на отворено, да правам дувла, да копам, да откривам и да создавам нешта од остатоци. Дали поради тоа татко ми ми ја препорача оваа книга или оваа книга ја инспирираше мојата имагинација, не можам да се сетам, но никогаш не ја заборавив оваа брилијантна книга и вредностите што ги учи“, вели Кејт.

„Feelings“(Чувства) од Либи Валден е следна на листата на кралското семејство. „Оваа мала книга е прекрасен начин да им помогне на децата да ги разберат и препознаат нивните чувства и емоции и ја оживува важноста на емпатијата“, споделува Кејт.

И серијалот „Katie Morag“(Кејти Мораг) од Маири Хедервик нуди „забавни приказни за деца од сите возрасти и е одлична книга за постарите деца да им ја читаат на помалите браќа и сестри“, вели таа. „Овие книги се исполнети со волшебни и убави илустрации што го придружуваат текстот, така што има многу да се зборува!“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Загина првиот медиумски работник во судирот во Украина, ССНМ изрази сочувство

Следно

Суперлига: Вардар 1961 налета на силен отпор од РК Охрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian