И Митиќ си замина од Металург, пикерот го засили Скопје 2020

1 min read

Пикерот Андреј Митиќ е последното име кое си замина од екипата на Металург која се соочува со големи финансиски проблеми.

Тимот од Автокоманда му дозволи на Митиќ сезоната да ја доигра во екипата на Скопје 2020, откако од Металург во последниот период си заминаа Милан Лазаревски (Словенија), Костадин Петров (Вардар 1961) и Халил Озтурк (Охрид).

Останатите ракометари од првиот тим се прекомандувани во вториот тим на Металург кој се натпреварува во втората лига, додека првиот тим веќе официјално ги загуби со службен резултат натпреварите од домашното првенство.

РК Скопје ќе се обиде да обезбеди опстанок во Супер лигата, во првото плеј-аут коло в сабота (5 март) од 16.00 часот ќе ига против РК Струга.

Во редовите на РК Скопје на пикерската позиција покрај Митиќ играат уште Филип Василевски и Благој Димчевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Музеј ја отстрани восочната фигура на Путин, посетителите му ја кубеле косата

Следно

Загина првиот медиумски работник во судирот во Украина, ССНМ изрази сочувство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian