ФОТО+ВИДЕО | Андрија Милошевиќ го прослави раѓањето на синот: Голема забава со српската естрада

1 min read

Актерот Андрија Милошевиќ и неговата свршеница Александра Томиќ станаа родители минатата недела, а актерот сега приреди незаборавна прослава со пријателите во чест на новороденчето Реља.

На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од добрата журка и гостите кои славеа со голема радост. Андрија на оваа посебна пригода им порача на гостите:

„Додека се раѓаат деца, за мене лично иднината е убава“.

Александра и тој добија син, а уште за време на бременоста најавија дека ќе му го дадат името Реља. Андрија бил воодушевен од ова име и истакнал дека тоа е избор на кумот, со што и двајцата се согласуваат. Видеото од прекрасната забава го објави мајката, но следбениците можеа да ги видат и честитките на гостите кои беа на прославата, како и краток инсерт од настап на Саша Матиќ.

ФОТО | Андрија Милошевиќ стана татко: Помалку време за вицеви, а повеќе за менување пелени!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопските јавни претпријатија забрзано ќе ги реализираат зацртаните проекти

Следно

УЕФА: Белоруските репрезентации и клубови ќе играат на неутрален терен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian