ФОТО | Украинските манекенки не можат да си одат дома: Тука се зборува само за „Гучи“ и „Прада“

5 mins read

Украинските манекенки, дизајнери и уредници кои ги напуштија своите родни места за да одат на модната недела во Милано,
зборуваа за она што го доживеале кога во нивната земја се случил војниот конфликт неколку часа по нивното заминување, пренесува „DailyMail“.

Многумина кои очекуваа недела на гламур во италијанската престолнина на модат, се огласија за бизарните парарелни светови додека шетаат по модните писти носејќи дизајнерска облека, додека нивните пријатели и семејства се крија во засолништа обидувајќи се да се спасат.

Тие опишаа како модната заедница не се грижи за руската инвазија и зборуваа за нивната болка и обиди да им помогнат на најблиските, кои сè уште се заробени.

Украинската манекенка Кристи Пономар која беше дел од шоуто на „Прада“, рекла дека оваа Модна недела ѝ е најтешкото нешто во животот и дека во мислите е во Украина. 21-годишниот модел на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која му покажува среден прст на Путин.

И манекенката Катерина Зуб остана во Западна Европа и не може да се врати кај родителите во Харков, Украина. Таа заминала за Милано минатиот понеделник, само неколку дена пред Путин да ја нападне нејзината татковина.

„Толку многу плачев што не можев да се појавам на кастинзи. Тоа е страшно, тоа е ноќна мора. Не можам да верувам дека ова се случува во мојата земја. Им се јавувам на моите родители и тие се обидуваат да ми кажат дека се е во ред, но слушам звуци од оружје. Можете ли да замислите? Предоцна е. Не можам да одам никаде. Русите се насекаде. Тенковите се насекаде. О, Боже мој, тоа е ноќна мора. Тоа е полошо од се што сум видела во филмовите“, рече таа.

Катерина вели дека некои брендови понудиле помош, но дека на Модната недела немало свесност за сериозноста на ситуацијата и дека сè уште само се збори за „Прада“ и „Гучи“. Сега е во Германија и се обидува да стигне до Полска.

Украинската стилистка Ана Мажик изјави за „AFP“ дека нејзините родители ја разбудиле во 7 часот наутро пред ревијата, за да дадат до знаење дека Русија ја напаѓа Украина.

„Плачев пред првата ревија затоа што ми е тешко. Сите ние носиме очила за сонце за да ги покриеме нашите отечени очи“, рече таа.

Ана успеа да стигне до Варшава. Иако не може да се приклучи на одбраната на Украина, решила да си отвори профил на „OnlyFans“ за дополнителен приход и како што вели, сè што ќе заработи ќе донира.

Дима Ивенко, дизајнер на брендот „Иенки Иенки“, исто така останала заробена во Западна Европа.

Во интервју за „GQ,“ тој објасни дека ја претставил својата колекција, а потоа во четвртокот во 5.20 часот во неговата хотелска соба прочитал пораки од семејството, пријателите и своите вработени, кои му кажувале дека Русија ја нападнала Украина.

Вели дека неговата главна грижа била да ги заштити своите 120 вработени, од кои некои избегале од Киев обидувајќи се да стигнат до Полска, додека други останале да се борат. Тој вели дека ги игнорирал ревиите и дека секоја будна минута ја поминувал барајќи им безбедно место за престој.

„Моите родители се во Киев, не можат да заминат. Имам тим од 120 луѓе, сите млади луѓе, млади девојки и момчиња, а бомби летаат директно во Киев. Никогаш не очекувавме вакво нешто“, објасни тој. „Никој не се грижи. Овде сум со некои други Украинци, се среќаваме и кога ќе излеземе среде Модната недела, како да сме во капсула. Има многу луѓе овде во Милано, времето е убаво, ограничувањата за ковид не се толку големи. А ние одиме меѓу нив во една сосема поинаква реалност. Затоа што мојата реалност сега е во Украина“, додаде тој, зборувајќи за реакцијата на другите на Модната недела.

Слични написи на темата:

 

ФОТО | Рускиот модел Ирина Шајк ја поддржа Украина: Како воопшто спиете додека се случува ова?

 

ФОТО | Украинската пејачка Џамала побегна во Турција: Оваа војна е глупост, правда за Украина!

 

ФОТО+ВИДЕО | „Секоја чест“: Познат готвач ги пречекува бегалците од Украина со топол оброк

 

Ја нападнаа дека го поддржува Путин: Славната руска сопранистка ги откажа сите настапи

 

ВИДЕО | Украинска инфлуенсерка со практичен совет: Како да приспособите руски тенк

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија и Белорусија добија забрана за настап на Зимските параолимписки игри

Следно

ВИДЕО: Феникс прв до 50 победи сезонава во НБА лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian