ФОТО | Карлеуша со трогателна објава: Откако мајка ми замина, немам на кого да се пожалам кога ми е тешко

2 mins read

На денешен ден, пред три години почина поранешната радио водителка Дивна Карлеуша. Поп ѕвездата Јелена Карлеуша по повод годишнината од смртта на нејзината мајка сподели неколку фотографии на својот инстаграм-профил, во чиј опис напиша болна порака…

„Убавино моја, моја вечна рано… Денеска се навршуваат 3 години откако не напушти Дивна… Но само во физичка форма. Додека ми чука срцето, таа е жива…“, напиша пејачката.

Да потсетиме, Дивна боледуваше од рак на белите дробови, а за жал загуби тешката битка. Јелена ја носела мајка си по сите светски клиники, а покрај терапиите кои ги добивала во Србија, често патувала и во Турција, Холандија и Данска, каде ја лекувале врвни лекари, кои за жал, не можеле да ја спасат.

„Цел живот на некој начин бев опседната со бројот 3 и Дивна го знаеше тоа. Секогаш го избирав тој број во се, од телефонски броеви, го терав Душко да го носи бројот 3 на дресот затоа што мислев дека носи среќа, го поставував бројот 3 во секоја животна ситуација… И тогаш… Мојата мајка почина на 3 март, тој ден не ни помислив на тоа. Кога ѝ го избриавме гробот, го барав најадекватниот посебен дел на гробиштата Бежанија… По неколку дена видов дека парцелата го носи бројот 1/33… Дали нашите судбини се математичка пресметка на Матрикс во која несвесно живееме? Дали во таа математика на Универзумот ние продолжуваме да живееме во некој друг број по смртта? Или јас само барам утеха во болката што не поминува. Тоа ќе да е. Откако таа замина, немам на кого да се пожалам кога ми е тешко“, напиша Карлеуша.

Пејачката се борела заедно со нејзината мајка до последен здив, а смртта целосно ја скршила.

„Носев перика речиси една година, бидејќи косата ми падна од стрес. Тоа не се знае. Се скршив. Нема полошо нешто за некој како мене, кој се бори и победува во секоја ситуација, да не може да спаси некој што го сака најмногу на светот. Ми се лизгаше низ раце, не можев да ја спасам“, во една прилика изјави Јелена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Со платформата „мЗаедница“ започна дигитализацијата на општинските услуги во Аеродром

Следно

Маричиќ – Ѓоргиевски: Преку европските програми за образование до подобри услови и перспективи за младите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian