Судот во Истанбул го суспендирал случајот на српската пејачка Емина Јаховиќ, која минатата година поднесе тужба против поранешниот сопруг бидејќи тој не плаќал алиментација за децата, пишуваат турските медиуми.
Бидејќи поднел контратужба, Мустафа Сандал доставил и докази дека, откако се развеле во 2018 година, уплатил 1.8 милиони турски лири (околу 115 000 евра). Половина од износот бил уплатен на сметка на пејачката, која добила старателство над нивните синови, додека останатите средства биле за изнајмување вила во предградието Чубуклу, која инаку му припаѓа на Сандал.
Судот констатирал дека Мустафа го плаќал школувањето на децата и сите останати потреби и дека српската поп-ѕвезда одлично заработува, благодарение на својата козметичка компанија.