ЕХФ Евро Куп: Гичевска не реализираше пенал за реми против Словенија

2 mins read

Денеска во првиот од двата натпревари во ЕХФ Евро Куп македонската женска сениорска репрезентација вечерва во Целје загуби од Словенија минимално со 29:28.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски имаа шанса на овој меч да останат непоразени, но Гичевска не реализираше пенал на нешто повеќе од 15 секунди до крајот на мечот.

Домашните ракометарки во првиот дел го контролираа резултатот во своја корист, неколку пати имаа водство од „плус четири“ (8:4, 9:5), а највисоката позитива достигнуваше до „плус пет“ (10:5).

До паузата успеа нашата репрезентација да ги консолидира своите редови и успее да намали од негативата на „минус еден“ (11:10, 14:13, 15:14).

Во вториот дел одигравме уште подобро, не само што доаѓавме до нерешено, и неколку пати имавме минимално водство од 18:19 во 37 минута после голот на Јанеска и 19:20 во 39 минута со погодокот на Стојковска.

Водевме рамноправна битка против Словенија, и во 43 минута водевме со 22:23 со голот на Ристовска, па се врати домаќинот со серија од три голови за 25:23. Собраа сили нашите најдобри ракометарки за нов егал, израмнивме на 28:28, па возврати домаќинот со голот на Зулиќ. Имавме шанса да го избегнеме поразот, но во последната минута Гичевска не реализираше седмерец.

Стојковска беше најефикасна со осум голови, Гичевски постигна седум, Ристовска шест, Јанеска пет, а по еден Саздовска и Дабевска. На спротивната страна 10 голови имаше Грос, а три помалку запиша Зулиќ.

Вториот дуел помеѓу овие две селекции ќе се игра в недела (6 март) со почеток од 18.30 часот во СЦ „Борис Трајковски, а влезот е слободен за љубителите на ракометот и спортот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По 40 години, Лепа Брена врти „нов лист“: Потполно се посветив на себеси и здравата исхрана!

Следно

Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian