Данијела Мартиновиќ отворено за животот: Она што сме го загубиле, со текот на времето станува добивка

1 min read

Пејачката Данијела Мартиновиќ си ја отвори душата за животот, животните промени, победите и поразите и искрено говореше за лекциите што ги научила низ годините, заљубеноста низ годините и минливоста на истите…

Мартиновиќ речиси 25 години суверено ја владее хрватската поп сцена, но е миленичка и на балканската публика. Таа со годините изгради респектабилно име, верна публика и носи ведра енергија со своите настапи. Бидејќи и самата е авторка, за неа не е чудно што издаде и две книги, „Дамата што танцува на дожд“ и „Неописливо“.

Токму за животот и сите промени, Данијела зборуваше за хрватскиот портал „Story“, особено за љубовта и разочарувањата, но и она што е нејзина срцевина – а тоа се песните, сцената и публиката со која гради прекрасен однос низ годините.

„Многу е тешко да разграничите што е загуба, а што е добивка, затоа што она што нам ни се чини дека сме го загубиле, со текот на времето станува најголема добивка. Исто е и со добивката – со времето може да ја доживееме како загуба. Тоа е едноставно магијата на времето“, откри пејачката која никогаш не изгледала посвежо и поведро.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Град Скопје издвои пари за хуманитарна помош за Украина

Следно

ВИДЕО | Муслиу: Приказната на Путин во однос на Украина е многу слична на бугарските националисти во однос на Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian