Ањели: Суперлигата не пропадна, 12 клуба потпишаа договор на 120 страници!

1 min read

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели изјави дека за него фудбалската Суперлига не е пропаднат проект.

На Самитот „Бизнис оф фудбал“ во Лондон, Ањели рече дека не се откажал од Суперлигата и дека 12 клуба се поврзани со неа со „договори на 120 страници“, кои ги потпишале.

– Супер лигата не е пропаднат проект, според мене европскиот фудбал вика за промени. УЕФА знаеше дека јас како претседател на Јувентус работам на нешто поинакво. Суперлигата е создадена со колективна работа на 12 клубови. Компромисот повеќе не е опција, потребни ни се големи реформи – вели претседателот на Јувентус, Ањели.

Да потсетиме, првиот обид за формирање фудбалска Суперлига не успеа во април минатата година бидејќи беше многу слабо примен од навивачите и, се разбира, од челниците на сите фудбалски организации.

Ањели е еден од главните иницијатори за формирање на т.н. „Европска Суперлига“, заедно со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Газдата на Јуве Ањели има нов план против УЕФА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фотографијата која го потресе светот: Девојчето кое почина пред очите на фоторепортерот

Следно

Босна и Херцеговина побара итен прием во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian