Во Грција од сабота се укинува задолжителната маска на отворено

1 min read

Грчката Влада ја прифати препораката на Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција за укинување на задолжителната маска на отворено и одлуката во сабота ќе стапи во сила, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката ја соопшти министерот за здравство Танос Плеврис, кој рече дека на денешната седница Комисијата предложила да се укине задолжителната употреба на маска на отворено, но, сепак, „останува силна препорака за употреба на маска на отворени простори со гужва, како и за луѓе со фактори на ризик за сериозни болести и невакцинирани лица”.

Додаде дека предлогот е прифатен од Владата, а деталите ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во Службен весник на Грција.

Претходно, во интервју за телевизијата „Скај”, Плеврис рече дека со укинувањето на задолжителното носење  маса на отворено започнува постепеното олабавување на мерките во земјата

-Оценуваме дека до крајот на март ќе бидат укинати поголемиот дел од постоечките рестрикции и ако вака продолжи пандемијата и се потврдат предвидувањата, Велигден и лето ќе бидат многу блиску до нормалата за вакцинираните, рече Плеврис.

Истакна дека сепак, рестрикциите и ограничувањата за невакцинираните ќе останат непроменети.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маричиќ: Да не очекуваме друг да ни ги реши проблемите

Следно

Канскиот филмски фестивал забрани присуство на руски делегации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian