ВИДЕО | Момче со аутизам не сака да го допираат, но прави исклучок за својата сестричка

1 min read

Алекс Џеј е мајка на момче со аутизам кое не сака да го допираат, односно кај него се јавува хиперсензитивност на сетилото за допир. Сепак, нештата почнале да стануваат подобри откако се родила неговата помала сестра.

Алекс е активна на платформата Тик-ток каде често објавува видеа со своите деца. На една од објавите, малечкото момче полека учи да ужива во допирите и прегратките на својата сестричка.

„Нашиот син има аутизам и не сака да го допираат. Но, нашата ќерка не го знае тоа. Тој полека ја прифаќа и многу е нежен со неа. Нивната врска е многу јака“, стои во описот на видеото.

Имено, секогаш кога сестричката се обидува да го допре, тој ја гледа нејзината рака, но сепак не отстапува. На крајот, момчето се опушта и почнува да го гушка девојчето.

 

@alexjayyy06 Autism Mama ud83dudc99 #ShareTheMagic #momsoftiktok #asd #autismawareness#autismtoddler #toddlersoftiktok #fyp> #fyp ♬ original sound – ✨Momlikeaboss✨

ФОТО | Битолчанката Ирена е мајка на дете со аутизам и клинички психолог: Кога ќе научиме да ги прифатиме различностите, ќе изградиме подобар свет за нашите деца

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јотова: Руската амбасадорка во Бугарија требаше да отиде во МНР, а не да испрати заменик

Следно

Шок во Фиренца, Фиорентина доминираше против Јувентус и на крајот загуби со автогол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian