ВИДЕО | Биковиќ за Украина: Ова е тиранија кон познатите, ние веднаш мора да имаме став

2 mins read

Српскиот актер Милош Биковиќ, кој во последните неколку години доживеа голем успех во Русија, гостуваше во емисијата „Око“ на РТС каде ја начна темата за руската инвазија во Украина.

„Неизвесност, страв и болка се чувства кои се природна и човечка реакција на војна и на сѐ тоа што се случува таму. Тој конфликт трае долго и, за жал, сега дојде до ескалација. Се надевам дека преговорите ќе дадат резултат затоа што тоа се рефлектира врз целиот свет“, вели тој.

На прашањето дали го оптеретува очекувањето од јавноста тој веднаш да има свој став за случувањата во Украина, Биковиќ смета дека тоа е „еден вид тиранија кон познатите личности“.

„Тоа е еден вид тиранија кон познатите личности кои веднаш мора да имаат свој став. Без разлика дали станува збор за насилство, политички ситуации или кризи, ние мора да имаме став за сѐ како да сме компетентни за сѐ“, вели Биковиќ, додавајќи дека доколку една јавна личност не заземе став, тогаш таа станува дел од дневнополитички поделби.

Тој веќе неколку години работи во тој дел од Европа, а својот прв руски филм го снимил токму во Украина.

„Јас бев во Украина неколку пати и својот прв руски филм го снимив токму во Одеса. Јас го доживувам лично тоа што се случува таму, како и многу мои пријатели таму. Но, и ние како народ во своите сеќавања имаме повеќе конфликти и знаеме колку сѐ тоа е болно и тешко. Дури и ако вие не сте во директна опасност, постои некој ваш близок кој е во опасност и тоа се рефлектира врз вас“, вели актерот.

ВИДЕО | Лоба низ солзи порача: Народот треба да биде обединет, само така политичарите нема да нѐ скараат

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарија протера двајца руски дипломати поради шпионажа

Следно

Одбраната на титулата е во втор план на Усик: Мојата Украина е поважна од шампионскиот појас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian