РФМ ги отвора вратите, бесплатен влез на дуелот Македонија  Словенија

1 min read

Ракометната федерација на Македонија одлучи ги отвори вратите на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на натпреварот од ЕХФ купот на избраничките селекторот Љубомир Савевски против селекцијата на Словенија што ќе се игра в недела.

Поради одлуката на владата за превентивни мерки против коронавирусот, дозволено СЦ „Борис Трајковски“ да биде исполнета максимум до 50 отсто од капацитетот.

– Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ купот помеѓу Словенија и македонската национална женска селекција кој ќе се одигра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ на 06.03.2022 г. (недела) влезот е слободен. Согласно Одлуката на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19 дозволен е максимум 50% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект. При присуство на натпревар, односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од ковид-19 вирусот, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест ковид-19 или:

– сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување, стои во соопштението на РФМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сашко и Сашка ни ја откриваат тајната на најубавиот десерт: Сочна штрудла со јаболка

Следно

Маричиќ: Да не очекуваме друг да ни ги реши проблемите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian