Јотова: Руската амбасадорка во Бугарија требаше да отиде во МНР, а не да испрати заменик

1 min read

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова упати критики до руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јотова, не е во ред рускиот амбасадор да не даде објаснување до бугарското Министерство за надворешни работи.

Според неа, Митрофанова требало лично да отиде, а не да го испрати својот заменик. Таа го даде овој коментар во Казанлак, каде што започнаа церемониите по повод државниот празник на Бугарија – 3 март и крајот на руско-турската војна пред 144 години.

Јотова истакна дека треба јавно да се каже „стоп” на војната во Украина, за која смета дека е цинична и се води на неколку стотици километри од Бугарија.

Таа нагласи дека војната е одамна планирана, а за неа нема никакво оправдување, нема аргументи.

– Не постои кауза што оправдува уништување и смрт на невини луѓе, на деца, на нова хуманитарна криза што се наѕира. Тоа ќе биде за целиот свет, изјави Јотова, додавајќи дека „одговорот на јавноста треба да биде силен, а не само со декларации”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре сончево со мала до умерена локална облачност: Какво време не очекува во следните денови?

Следно

ВИДЕО | Момче со аутизам не сака да го допираат, но прави исклучок за својата сестричка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian