Џони Деп ќе гради луксузна вила во Србија, сосед ќе му биде Новак Ѓоковиќ

2 mins read

Холивудскиот актер Џони Деп одлучил на својот список луксузни недвижности да додаде уште една, и тоа во Србија.

Како што дознава „Курир старс“, познатиот холивудски актер го посетил Космај при неговата последна посета на Белград годинава, кога му беше врачен Златен медал за заслуги на Република Србија за  придонесот за ширење и унапредување на локалната уметничка заедница. Деп со пријателите посетил неколку локации на оваа српска планина за да ги разгледа куќите и парцелите каде што би изградил имот.

– Џони сакаше да оди на Космај и минатиот пат, кога престојуваше во Србија. Слушнал сѐ најдобро за тој дел од Србија. Тогаш не стасал, но на пријателите им рекол дека тоа мора да го направи следниот пат кога ќе дојде. Во напорниот распоред нашол неколку часа, па обиколил неколку куќи и плацови. Особено се воодушевил кога слушнал дека таму има недвижност и Новак Ѓоковиќ, кого навистина го почитува. Неколку плацови му го привлекоа вниманието, еден многу близок до имотот на Новак, па на своите соработници им рекол да се занимаваат со тоа додека тој повторно не дојде во Белград – изјавил извор за „Курир старс“.

– Овде негувам страст кон сѐ – ќебапите, некој ми кажа нешто за ракијата сливовица, но не сум имал можност да ја пробам, можеби еднаш. (смеење) Овде не добив ништо освен подароци. Емир Кустурица ми даде сосема нов живот. Сега сум на почеток на еден нов живот и ми се допаѓа што овој почеток е токму во Србија, доколку вие ме сакате, се разбира – истакна тој на доделувањето на медалот Џони Деп.

Вучиќ ќе го одликува актерот Џони Деп со златен медал за заслуги за Србија

ВИДЕО | Сака да се сели во Србија: Џони Деп разнежнет по чинот на Александар Вучиќ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албанија го укина полицискиот час

Следно

Зилбеари: Препораката за затварање на руските медиуми во Македонија е оправдана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian