Оливер Стоун на страната на Путин: Ова е хистерија на западните медиуми, треба да се види поширокиот контекст

2 mins read

Трикратниот оскаровец Оливер Стоун во последните години не ги крие симпатиите кон рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот режисер на социјалните мрежи се осврна на војната во Украина и понуди неколку „анализи“ во корист на Русија.

владимир путин
Оливер Стоун и Владимир Путин, 19 јули 2019 година / Фото: EPA-EFE/ALEXEY DRUZHINYN /SPUTNIK/KREMLIN

Како што вели 74-годишниот Стоун, треба да се разгледа „поширокиот контекст на руската инвазија на Украина“.

„Среде хистеријата на западните медиуми, обвинувајќи го Путин за крвави убиства и изоставувањето на клучните факти кога не им одговара, најважно е да се разбере целиот спектар на она што се случува и пред сè, да се размисли јасно“, напиша Стоун.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Stone (@officialoliverstone)

Оскаровецот сподели и неколку линкови за „проучување на историјата“ на односите помеѓу Путин и Украина, односно кои се точните причини за војната.

Оливер сними и документарен филм „The Putin Interviews“ за периодот од јули 2015 до февруари 2017 година, поради што добил дозвола од Путин да ги следи неговите стапки и да снима додека ги извршува своите секојдневни активности.

Повеќе написи на темата:

 

ФОТО+ВИДЕО | Медениот месец го замениле со пушки: Украински младенци тргнаа во борба за одбрана на татковината

ФОТО | Прво Хитлер, сега Волдеморт: Путин се појави на графит во Полска

 

Каде е поранешната сопруга на Владимир Путин: Људмила денес живее многу поразличен живот

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија го прифати барањето на Турција да не испрати воени бродови во Црното Море

Следно

ВИДЕО: Продолжува мизеријата на ЛА Лејкерс, Дончиќ го надигра Леброн

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian