Норвежанките пресилни за Црна Гора во ЕХФ Евро купот

1 min read

Женската ракометна репрезентација на Норвешка со 32:27 славеше на гостувањето кај Црна Гора во рамки на третото коло од ЕХФ Евро купот. Црногорките беа рамноправен противник само во првото полувреме кое го завршија со негатива од само еден гол (15:16).

Но, во второто полувреме избраничките на селекторката Бојана Поповиќ почнаа да грешат во нападот и тоа светскиот шампион знаеше да го казни со лесни голови од контранапади. Шесте загубени топки и четири промашени шутеви ја чинеа Црна Гора негатива од осум гола (19:27) во 48 минута со што беа решени дилемите околу победникот.

Кари Братсен Дале со осум гола беше најпрецизна кај Норвешка, додека Јованка Радичевиќ даде девет гола за Црна Гора.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стефанија Несторовска со рецепт за здрави бургери и компирчиња

Следно

Утре сончево со мала до умерена локална облачност: Какво време не очекува во следните денови?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian