Мбапе ќе ги фрли во очај газдите на ПСЖ, ја одбил неверојатната понуда од 200 милиони евра за две години?!

1 min read

Вчера фудбалска вест број еден беше неверојатната понуда на ПСЖ од 200 милиони евра за нов двегодишен договор за Килијан Мбапе, но денеска медиумите шпекулираат дека напаѓачот ја одбил истата.

ПСЖ вчера на Мбапе му понуди нов двегодишен договор вреден 50 милиони евра по сезона плус 100 милиони евра бонус за потпис на договорот, но шпанска „Марка“ пишува дека францускиот напаѓач ја одбил оваа понуда бидејќи сака да се пресели во Реал Мадрид.

Според „Марка“, договорот помеѓу Мбапе и Реал Мадрид е потпишан пред два месеци и само се чека погоден момент да се објави и тоа најверојатно ќе биде по реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и „кралскиот клуб“.

Весникот исто така пишува дека притисокот од ПСЖ но и од семејството на Мбапе да потпише нов договор до францускиот тим е се поголем и поради тоа ја доставиле неверојатната понуда од 200 милиони евра за две години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Карлеуша како шарено лижавчe: Со стајлинг на Марсовец го „стопи“ Копаоник

Следно

Џафери: Косово ја има и ќе ја има нашата поддршка за влез во НАТО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian