Ковачевски – Фон дер Лајен: Брисел силно го поддржува дијалогот Скопје – Софија

1 min read

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен, како што соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, на премиерот Ковачевски му изразила благодарност за брзите реакции на Владата на Северна Македонија, за кои истакнала дека во целост се усогласени со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

– Воедно, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен искажа честитки за посветеноста на дијалогот Скопје – Софија и уште еднаш повтори дека Брисел силно го поддржува и поздравува овој процес кој ќе овозможи забрзување на процесот на евроинтеграции, се наведува во соопштението.

И покрај загрижувачката ситуација со Украина која се наметна како приоритет, стои во соопштението, премиерот Ковачевски информирал дека владите на Северна Македонија и Бугарија се посветени и активно продолжуваат со дијалогот за изнаоѓање решенија и резултати за време на француското претседателство со ЕУ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одбраната на титулата е во втор план на Усик: Мојата Украина е поважна од шампионскиот појас

Следно

ФОТО | Разговор со Марта Пејоска, уметница што плови низ филигранскиот вез: Создавам накит кој пренесува порака

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian