ФОТО | Ким Кардашијан ја нападнаа: Жено, во светот има војна, што е со твоиве објави?

1 min read

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан со новата објава на својот инстаграм-профил се најде на нишан на критики, а не изостанаа и лошите коментари.

Таа објави фотографија на која позира пред луксузен автомобил, опкружена со брендирани чанти, торби и кутии како „Прада“, „Гучи“, „Шанел“, „Луи Витон“ и многу други.

Во описот на фотографијата јасно е дека станува збор за дарување и наградна игра која не е првпат организирана од нејзина страна. Таа објави дека донира 100 илјади долари на картичка, билети за прва класа и пет ноќевања на локација по избор, споменувајќи ги и Париз, Лос Анџелес, Токио, Дубаи и Њујорк.

Но, фановите и следбениците колку што беа среќни дека може ќе добијат пари на картичка, или патување од соништата, многу од нив отворено ја критикуваа Ким дека сите тие средства можат да завршат во вистински раце, на луѓето кои се жртви на воениот конфликт во Украина.

„ А што ако сите овие пари ги донираш во Украина? “, „Во светот има војна, ова е толку грубо“, „Те молам користи ја оваа платформа за да ја кренеш свеста за Украина“, „Ова е најигнорантна објава што сум ја видел“, „Наместо брендирани подароци, прати ги сите овие средства на луѓето што им требаат“, револтирано пишуваа следбениците.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Експеримент на еден Србин: Објавил слики од бомбардирањето во Србија и ги опишал како настани од Украина

Следно

Свитолина сепак настапи во Монтереј и ја победи Русинката Потапова: Сите пари ќе ги донирам на украинската војска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian