Денеска отворен ден со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција во Град Скопје

1 min read

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија денеска во просториите на Град Скопје во објектот – барака 1, во период од 16 – 18 часот организира отворен ден за заинтересирани граѓани и здруженија.

– Отворен ден со советничката група ќе се организира секоја прва среда во месецот почнувајќи од месец март, каде граѓаните ќе може со советниците отворено да разговараат и да ги предочат нивните, проблеми, потреби и предлог решенија кои ги имаат, а се однесуваат на делокругот на работа на Град Скопје и јавните претпријатија. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку отворените денови сака да ја приближи работата на градот до граѓаните. Скопјани ќе можат своите предлози и сугестии да ги пратат и по електронски пат на: [email protected], информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на дело спроведува нови политики и отворен пристап на институциите кон граѓаните. Институциите постојат за граѓаните и затоа ќе бидат отворени, а именуваните и избрани функционери достапни за комуникација. 

skopjeinfo.mk

Претходно

РКЕ: Имаме најниска цена на дизелот во регионот, само БиХ и Бугарија имаат поевтин бензин

Следно

Албанија го укина полицискиот час

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian