Џафери: Косово ја има и ќе ја има нашата поддршка за влез во НАТО

1 min read

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Косово ја има и ќе ја има поддршката за влез во НАТО.

„Секако дека се работи за консензус од сите земји членки кога говориме за членството на Косово во НАТО. Ние секогаш сме давале и ќе даваме поддршка за интеграција на Косово во НАТО а и во евроинтегративните процеси. Како што дадовме и даваме поддршка за сите земји од регионот. Земајќи во предвид последните случувања и геостратешките интереси на регионот овие процедури треба да се забрзаат“, вели Џафери.

Тој додава дека Северна Македонија никогаш нема да биде пречка за Косово.

„Ние немаме отворени прашања со Косово, ние сме го признале Косово и никој кај нас со тоа нема проблем“, додава Џафери.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мбапе ќе ги фрли во очај газдите на ПСЖ, ја одбил неверојатната понуда од 200 милиони евра за две години?!

Следно

Рама: Русија влегува во осаменост, гласот на Србија го унифицира Западен Балкан со Западот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian