Познати се првите три екипи кои ќе играат во четвртфиналето на англискиот ФА куп, тие се Манчестер сити, Кристал Палас и Мидлсбро.
Манчестер сити ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Питерборо (0:2). За „граѓаните“ погодоците ги реализираа Марез во 60 и Грилиш во 67 минута.
Кристал палас пред своите навивачи во јужен Лондон со 2:1 го елиминираше составот на Стоук сити.
Кујате во 53 минута донесе предност за домаќините, во 58 израмни Тајмон, а конечниот епилог го постави Холанѓанецот Ридевалд во 82 минута од средбата.
Изненадување во осминафиналната фаза приреди Мидлсбро кој по продолженијата со 1:0 го совлада Тотенхем, а стрелец на единствениот гол беше Кобурн во 107 минута.
Останатите патници во четвртфиналето ќе ги дознаеме по одигрувањето на мечевите: Лутон таун – Челси, Саутемптон – Вест хем, Ливерпул – Норич сити, Евертон – Борехам вуд и Нотингем форест – Хадерсфилд таун.