ВИДЕО: Далеку од дерби, Милан и Интер разочараа на „Сан Сиро“

1 min read

Во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, Милан и Интер одиграа во градското дерби со резултат 0:0.

Подобри во натпреварот влегоа „росонерите“, кои многу брзо воспоставија нерамноправен однос на силите на теренот. Со висок притисок и добро затворање на крилните играчи на Интер, Милан ги потиснуваше нападите на Интер.

Милан имаше најмалку три добри шанси за гол во првото полувреме, од кои две по грешките на одбраната на „нераѕурите“. Но, ниту Саелемакерс, ниту Тео Ернандез, ниту Раде Круниќ, не успеаја да ги искористат можностите создадени на средината на првото полувреме.

Милан слично го започна вториот дел од натпреварот. „Росонерите“ беа подобро поставени на теренот, имаа шанса преку Рафаел Леао, а потоа и преку Круниќ, но нивните удари беа непрецизни.

На крајот големите ривали одиграа без голови. Реваншот меѓу овие две екипи ќе се одигра на 20 април.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Исповед на мајка: Го мразам името на син ми, ме потсетува на бившиот

Следно

Истражување на БРИМА за пандемијата: Поддршката за ограничувањата се намалува, растат сомнежите за ефикасноста на вакцините

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian