Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.
Забраната е укината во 22.25 часот, а беше во сила од 19.40 часот поради обилни врнежи од снег.
Во сила се забраните за сообраќај на камиони преку преминот Ѓавато, како и на патот Мавровска крстосница – Дебар, исто така воведени поради снежните врнежи.