„Слободен печат“: Руската агресија ја обединува Европа

3 mins read

Утре во весникот „Слободен печат“ можете да прочитате:

Анализа – Руската агресија ја обединува Европа Војната во Украина ќе го внесе побрзо Балканот во ЕУ
Европа не може да си доволи нови безбедносни ризици, па ќе настојува да ги затвори сите кризни точки на континентот, меѓу кои е и Западен Балкан и македонско-бугарскиот спор, сметаат политички аналитичари.

Драматично – Педесетина македонски државјани заглавени во Украина. Македонско семејство со штотуку родено бебенце успеа да го напушти Харков!

Од започнување на воениот конфликт извлечени се вкупно 30 наши граѓани од Украина, од вкупно 100 колку што биле евидентирани од МНР. Од тие 30, петнаесет се монитори на ОБСЕ, а другите 15 наши се цивили кои се извлечени со помош на автобуси организирани од Бугарија.

Хроника – Џафери најде чаре за Уставниот суд, Зендели пред разрешување!

Предложено е разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Беса, од претседател на Комисијата за избори и именувања. Опозицијата тврди дека со овој чекор се крши Деловникот, а власта уверува дека тоа е правилниот начин да се одблокира Комисијата и да се изберат уставните судии.

Економија – Пекарите засега воздржани од поскапувања. Цената на брашното секој ден расте, се бориме за опстанок, велат тие.

Нема место за паника – Стоковните резерви имаат доволно жито за леб, а ако треба, ќе се увезе од Србија.

Свет – Русија ја вжештуваа воената инвазија врз Украина – Безмилосен оган врз Харков, колони тенкови продираат кон Киев. Артилериски гранати и ракети од системот „град“ вчера со часови го разорувале Харков, при што според локалните власти загинале „десетици цивили“

– Главната цел на зајакнатата офанзива, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, е главниот град Киев, кон кого вчера продирала колона борбени возила долга 60 километри

Спорт – Спортски одговор на војната во Украина – Меѓународниот спорт ѝ врти грб на Русија
Повеќе меѓународни спортски федерации ги суспендираа руските тимови и репрезнетации од меѓународните натпревари како обид да се изврши притисок на Русија по воената интеревенција во Украина

Скопје – Од вчера пониски цени на зонските градски паркиралишта – ПОЦ нема да го поевтини паркирањето, тоа би го зголемило метежот во Центар

Сите донесени одлуки во изминатите години, како што велат од ПОЦ биле со цел да се дестимулира користењето на возила, а истовремено да се стимулира користењето на градскиот и алтернативниот превоз.

Скопје – „Комунална хигиена“ трпи големи се штетите од палењето контејнери, набавката на нови чини илјадници евра.

По секое уништување на контејнерите и корпите за отпадоци поставени на јавни површини, тие во најкус можен рок мора да се заменат со нови, за да не се наруши динамиката на собирање на

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Официјално: Радуловиќ е новиот тренер на Башкими

Следно

Грабеж во обложувалница во Чаир

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian