Семејството Спирковски со новороденчето тргна од Харков за Македонија

1 min read

Семејството Спирковски од градот Харков кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина, информираат од Министерството за надворешни работи.

-Тие се на безбедно и се во доба состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје. Ова е најсложениот случај од процесот на евакуација. Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедување нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина. Да информирам, дека во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов немаме веќе пријавени наши државјани, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Е. Пелистер во Унгарија по нови бодови во Лига Европа

Следно

Србија нема да се приклучи на санкциите кон Русија, најави Вучиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian