Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со синдикалци од ССМ го прочешлаа предлог законот за наставници

2 mins read

Денес во Собранието, пратеници на ВМРО ДПМНЕ, членови на Собраниската Комисија за Образование, оствари средба со Прогресивниот синдикат за образование при ССМ во врска со Предлог-законот за наставници и стручни соработници и потребата од негово донесување, соопштија од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

-Како пратеници истакнавме дека се согласуваме со потребата за донесување на Закон за наставници и стручни соработници и се согласивме дека е потребно зголемување на платите во образованието согласно растот на минималната плата. Но, истовремено истакнавме загриженост за делови од Предлог-законот со кој се предвидува дискриминација на сите наставници споредбено со оние кои држат часови според новата концепција во основно образование. Исто така, делот во кој се предвидува трансформација од определено на неопределено време е без соодветна анализа по училишта, паралелки и број на ученици и не го предвидува ризикот од појава на технолошки вишок кај одредени наставници и по одредени наставни предмети, соопштија од партијата.

На оваа средба од страна на Прогресивниот синдикат беше предложено за сите спорни членови во законот да се реагира амандмански.

-Нашиот став останува дека ова законско решение не е добро и дека не може да биде корегирано со амандмани. Потребно е министерот да го повлече предложеното законско решение, да го ревидира со учество на сите чинители, со учество на синдикатот и опозицијата и истото да биде предложено како заедничко ново законско решение кое ќе биде донесено во најкраток можен рок без да се користи како инструмент за политичка пресметка, туку да биде здраво системско решение за квалитетно образование.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Медениот месец го замениле со пушки: Украински младенци тргнаа во борба за одбрана на татковината

Следно

Што прави денеска: Борис Цветановски, музичар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian