Досега беше на клупата на МЗТ Скопје Аеродром, Дарко Радуловиќ одлучи тренерската кариера да ја продолжи во Косово.
Денеска кошаркарскиот клуб на Башкими ја информираше јавноста дека нов тренер на екипата е македонскиот стратег Радуловиќ.
Тој ќе го води тимот до крајот на шампионатот оваа натпреварувачка сезона.
Претходно пред да се пресели во СЦ „Јане Сандански“, го водеше и составот на Вардар.
Bо косовското првенство Башкими се наоѓа во негативна серија на порази и моментно е на шестата позиција со 28 бодови.