„Не можеме да стоиме настрана“: Бенедикт Камбербач ја осуди војната во Украина

2 mins read

Британскиот актер Бенедикт Камбербач ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, објави „Daily Mail“.

Во својот говор, актерот повикал на итна акција кога станува збор за климатските промени и потсетил на болната загуба на сите лица кои починаа како последица на ковид-19. Меѓу другото, тој ја споменал и неговата сестра Трејси Пикок, која почина од рак минатата година.

„Би сакал да ја споменам мојата сестра која ја загубивме минатата година. Таа многу ќе го сакаше ова. Таа само ќе се смееше непрекинато цел пат и, веројатно, ќе плачеше. Се надевам дека од некаде горе, каде што сјаат вистинските ѕвезди, ти ме гледаш во моментов. Сигурен сум дека е така. Многу ни недостигаш“, изјавил тој.

Камбербач ја искористил приликата за да ја осуди руската инвазија во Украина и повикал на заедничка акција за запирање на понатамошниот руски воен напредок.

„Не можеме да стоиме настрана. Не е време за среброљубие, мрзливост или неактивност. Мораме да дејствуваме, а има работи кои можеме да ги направиме. Поддржете ги оние кои им помагаат на бегалците. Поддржете ги организациите за човекови права. Притискајте ги вашите политичари, вашата банка, вашите индустрии за да помогнат на секој начин што можат“, повика актерот.

Бенедикт Камбербеч ја освои публиката ширум светот со својата улога во култната телевизиска серија „Sherlock“, а годинава е номиниран за филмската награда Оскар во категоријата „Најдобар актер“ за својот перформанс во филмот „The Power of The Dog“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Конвојот од Киев и Одеса во кој има и македонски државјани вечерва влегува во Бугарија

Следно

ВИДЕО: Ашковски со гол ја потврди победата против Динамо Букурешт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian