Секторот за внатрешни работи Скопје расчисти кражба извршена на 18 ноември 2021 година во продажен објект на ул.„Јустинијан Први“ во Драчево, соопштија од МВР.
– По преземени мерки било дојдено до сознанија дека сторители се А.Х.(49) и Р.М., двајцата од Скопје. Во службен разговор двајцата го признале делото. Во полициска станица, исто така, бил извршен разговор и со Е.Н., коj изјавил дека едно лице му понудило да му продаде предмети од кривичното дело, но дека тој одбил, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот од МВР додаваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.