Истражување на БРИМА за пандемијата: Поддршката за ограничувањата се намалува, растат сомнежите за ефикасноста на вакцините

3 mins read

Две години по првите случаи на ковид, луѓето се чини дека се повеќе се навикнаа да живеат со пандемија. Меѓутоа, глобалното јавно мислење сега изгледа покритично кон идејата за жртвување на човековите права (намалување за 10 процентни поени), иако сè уште преовладува подготвеноста да се жртвуваат човековите права во борба против вирусот. Сомнежот во ефикасноста на главната алатка за борба против Ковид 19 – вакцините – се зголемува бидејќи половина од анкетираните ширум светот не се сигурни дали вакцините навистина функционираат. Перцепциите за Ковид како закана се прилично присутни во последниве години.

Ова се некои од главните наоди на новото глобално истражување за ставовите кон вирусот КОВИД-19, спроведено од меѓународната асоцијација Галуп на крајот на 2021 година.

Истражувањето вклучува 45 земји низ светот и околу 42 000 полнолетни граѓани. Во текот на пандемијата, Меѓународното здружение Галуп (ГИА) ги следеше променливите ставови кон пандемијата. Резултатите, претставени подолу, доаѓаат од последниот бран на глобално истражување.

И РС. Македонија беше дел од ова глобално истражување кое го спроведе БРИМА во периодот од 18.11.2021 до 02.12.2021 г. со 1210 испитаници, лице-в-лице, во домот на испитаникот, со маргина на грешка од +/- 2.8.

На прашањето “Колку се согласувате или не се согласувате со следнава изјава: Се сомневам дека/дали вакцините против коронавирус се навистина ефикасни“, Македонија е во рамките на светскиот просек, скоро половина (49%) од испитаниците се изјасниле дека се согласуваат со оваа изјава (збир од се согласувам + многу се согласувам), 43% не се согласуваат со оваа изјава (збир од не се согласувам + многу не се согласувам), а 5% немаат одговор на ова прашање.

Извор: Брима

На истото прашање, во Албанија, 86% од испитаниците се согласуваат со оваа изјава, 47% во Косово, 42% во Србија и 61% во Бугарија. Грција не беше дел од ова глобално истражување.

На прашањето “Колку се согласувате или не се согласувате со следнава изјава: Верувам дека заканата од коронавирусот е претерана“, во С. Македонија, 60% од испитаниците веруваат дека заканата од коронавирусот е претерана (20% се согласуваат + 40% многу се согласуваат), 34% сметаат дека заканата од коронавирусот не е претерана (28% не се согласувам+ 6% многу не се согласувам) и 5% немаат одговор на ова прашање.

Близу 42.000 лица во 45 земји беа интервјуирани на глобално ниво. Во секоја земја, национално
репрезентативен примерок со околу 1000 мажи и жени кои беа интервјуирани во текот на октомвридекември 2021 година, лице в лице, преку телефон или преку Интернет. Маргината на грешка за
истражувањето е помеѓу + 3-5% на ниво на доверба од 95%.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Далеку од дерби, Милан и Интер разочараа на „Сан Сиро“

Следно

ВИДЕО: Тотенхем елиминиран од ФА купот, Сити и Кристал палас четвртфиналисти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian