Брнз: Северна Македонија е НАТО-сојузник и се придружи на САД и на другите во осудата на руската агресија во Украина

1 min read

Северна Македонија е НАТО-сојузник и одговорна членка на меѓународната заедница, и им се придружи на САД и на другите во осудата на бруталната руска агресија и активната војна во Украина, изјави амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз.

-Кога сме на темата Украина, Северна Македонија е НАТО-сојузник и е силен партнер што држи чекор со ЕУ, одговорна членка на меѓународната заедница и ни се придружи на САД и на другите во осудата на дејствијата што се одвиваат во Украина во моментов, бруталната руска агресија и активната војна во Украина. Осудата беше јасно и недвосмислено потенцирана, но исто така обезбедува и поддршка за украинскиот народ, како сите нас, со обезбедување на поддршка што им е неопходна во моментов. Но мора да се осигуриме дека во даден момент некој ќе сноси одговорност за постапките на Русија, вели амбасадорката Брнз во интервју за ТВ21 коментирајќи ја актуелната состојба со Украина.

Од друга страна, додава Брнз, Северна Македонија работи со нас во НАТО и билатерално, за одбрана на нашите интереси.

-Работиме во НАТО за да се осигуриме дека обврската по членот 5 е цврста и дека сме подготвени да се браниме од секакви понатамошни дејствија и дека сме подготвени како меѓународна заедница, да се соочиме со долгорочните последици од тоа што се случува. Повторно, ова е незаконско и неоправдано дејствие со умисла од страна на Русија против Украина, вели амбасадорката Кејт Мари Брнз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ашковски со гол ја потврди победата против Динамо Букурешт

Следно

Срѓан Керим за Индекс: Сето ова Путин го најави пред 15 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian