Владимир Путин има две, а можеби три ќерки: Зошто речиси никогаш не зборува за нив?

4 mins read

Светската јавност е длабоко вознемирена од инвазијата на Украина од страна на рускиот претседател Владимир Путин. Во моментов тој е еден од најозборуваните луѓе, а 69-годишниот Путин долго време го крие својот приватен живот од медиумите и јавноста.

Јавноста знае само дел од неговата личност која тој сака светот да ја знае, па така првиот човек на Русија го видовме како јава коњи, крева тегови и позира без маица.

Путин толку многу ги штити своите деца од јавноста што јавноста не ни знае колку биолошки деца има таткото на нацијата. Познато е дека со поранешната сопруга има две ќерки, но медиумите со години шпекулираат дека неговата девојка во 2015 година му ја родила третата ќерка.

Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

Што се знае за децата на Владимир Путин?

Рускиот претседател има две ќерки од првиот брак со поранешната стјуардеса Људмила Шкребнев, со која беше во брак три децении. Во 2013 година тие се разделија. Првата ќерка на Путин, Марија е родена во Санкт Петербург, односно тогашен Ленинград во 1985 година, а Катерина е родена една година подоцна во Германија, каде што семејството се преселило поради работата на Путин во КГБ. Ќерките на Путин и Људмила имињата ги добиле по нивните баби.

марија путин
Првата ќерка на Путин, Марија / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Семејството се преселило во Москва во 1996 година, а девојчињата веќе посетувале училишта на германски јазик. Откако Путин стана претседател, тие биле повлечени од училиште и своето образование го продолжиле дома.

„Не се сите татковци толку грижливи кон децата како него. Тој ги разгалуваше, јас бев таа што требаше да ги дисциплинира“, во една прилика изјави Људмила.

Познато е дека Марија студирала биологија и медицина, додека Катерина студирала азиски студии. И двете за време на факултетското образование користеле лажни имиња.

Марија денес има 36 години и живее во Москва со сопругот Данце Јорит Фасен, а наводно имаат и едно дете. Во 2017 година, Путин му открил на режисерот Оливер Стоун дека е дедо додавајќи: „За жал, ретко играм со моите внуци“.

катерина путин
Втората ќерка на Путин, Катерина / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Катерина наводно живее луксузен живот и ужива во своите привилегии. Нејзина пасија биле акробатските танци, а денес работи на Московскиот универзитет и води старт-ап вреден 1,7 милијарди долари, пишува „Business Insider“. Таа се омажила за  рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година, но се развеле пет години подоцна. За време на разводот се пишуваше дека нивното богатство се проценува на две милијарди долари.

На Интернет речиси и да нема фотографии од ќерките на Путин

Медиумите шпекулираа дека Путин има трета ќерка со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, но ниту нивната наводна врска ниту постоењето на детето никогаш не беа официјално потврдени.

Рускиот претседател ги држи своите ќерки подалеку од медиумите и политиката, со цел да живеат нормален живот. Катерина неколку пати се појави во јавноста, но никогаш никој не се посомневал дека е ќерка на Путин.

Путин едната ќерка ја спомена во 2020 година, кога за првпат се појави руската вакцина против ковид-19. Тој тогаш рече дека една од нив ја примила вакцината, но не сакаше да открие која.

„Учествуваше во овој експеримент. Таа се чувствува добро и има високо ниво на антитела“, рече тој, додавајќи дека по вакцинацијата имала треска.

ВИДЕО | „Ако ти бев мајка, ти ќе беше многу сакан“: Бизарно обраќање на актерка кон Владимир Путин

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руското „њет“ за Украина во НАТО значи „њет“ смета Сафет Бишевац

Следно

Барселона сепак не се откажува од Дембеле

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian