Војната во Украина го прекина безгрижното детство на малечкиот Марк Гончарук, кој пред камерата на „Reuters“ раскажал дека татко му останал во Киев за да ја брани татковината.
„Го оставивме тато во Киев. Тато ќе продава работи и ќе им помага на нашите херои, на нашата армија, а можеби и ќе се бори“, вели тажното дете чии очи биле полни со солзи.
Марк и останатите членови на неговото семејство се упатиле кон Запад.
„Пешачевме три часа и вие нѐ спасивте. Мислев дека ќе одиме два или три дена. Мислев дека ќе одиме цел ден, но вие ни помогнавте“, додал Марк.
Повеќе текстови на темата:
ФОТО | Новинарка од Украина со саркастична порака: Ви благодарам господине Путин…
ФОТО | Евровизиската победничка со децата го напуштила Киев: Бевме четири дена без храна