ВИДЕО+ФОТО | „Овде сè е завеано“: Лила и Спасе заглавени во Маврово

1 min read

Нашата познатата водителката и инфлуенсерка, Лила Стојановска, редовно на својот инстаграм – профил споделува интересни фотографии и видеа. Храна, прекрасни дестинации, модни комбинации како и прекрасни моменти поминати со пријателите и семејството.

Водителката секоја слободна прилика ја користи да отпатува дали во земјава или надвор од границите, а со тоа ги полни батериите за новите работни обрски и животни предизвици. На неколку недели или неколку дена, со повод или без, куферот на Лила е секогаш подготвен, а нејзиниот инстаграм – профил е како разгледница.

Викендов Лила, заедно со својот пријател и долгогодишен соработник Спасе отпатуваа во Маврово. Едно е сигурно и двајцата не очекуваа толку многу снег кој успеа да ги завее и секако да им го отежне движењето. Сепак, Лила додека уживаше во снежната идила, Спасе се фатил за лопатата да рине снег.

„Кој би рекол дека оној со лопатата е нашата ѕвездетина Спасе. Беше да ја одглавуваат колата, овде сè е завеано. Веројатно ќе останеме уште“ – вели Лила во видеото кое го сподели со своите фанови.

Бидејќи Спасе беше многу храбар и вреден, Лила е „спасена“.

„Ајде, одглавени сме“ – довикна Спасе носејќи ја лопатата на рамена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стефковски со демант: СДСМ втор ден се обидува да манипулира со јавноста и граѓаните

Следно

Костески: ќе играме на победа против Татабања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian