Виц на денот: Работа

1 min read

Поради честите несреќи со вселенски летала, Американците одбиле да летаат, па НАСА морала да распише меѓународен конкурс за астронаути. Се пријавиле Германец, Русин и Македонец.

Најпрво го прашале Германецот.
– Колку бараш за да леташ?
– Два милиони евра. Еден за мене, а другиот за моето семејство, ако ми се случи нешто.

Следно, го прашале Русинот.
– Колку бараш ти за да леташ?
– Три милиони евра. Еден за мене, еден за моето семејство ако ми се случи нешто и еден за Русија.

На крај, го прашале и Македонецот:
– Четири милиони евра!, извикал Македонецот.
– Ама ајде, да не претеруваш малку?!
– Е, па… еве вака стојат работите: Еден за мене, еден за тебе бидејќи ми ја најде работава и два за Германецот – тој нека лета!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денес се празнува: Светиот апостол Онисим

Следно

Бислимовски: С Македонија е спремна за примање на бегалци од Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian