Улицата Јордан Мијалков доби нова сообраќајна сигнализација

1 min read

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Улици и патишта“, ја обновија сообраќајната сигнализација на улицата Јордан Мијалков.

На улицата освен што е обновена хоризонталната сигнализација, поставена е нова вертикална сигнализација, како и заштитни столпчиња на тротоарите за да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

-Со обновувањето на сообраќајната сигнализација и поставените столпчиња се става крај на непрописното паркирање возила на дел од улицата и се овозможува непречено движење за пешаците, велат од Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Бислимовски: С Македонија е спремна за примање на бегалци од Украина

Следно

Дневен хороскоп 28 февруари: Треба да ја промените вашата деловна тактика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian