Турски фудбалер заглави во Харкив: Дојде да потпише договор, а сега моли да го извлечат од Украина

1 min read

Турскиот фудбалер Абдула Доган во најлош момент одлучи кариерата да ја продолжи во Украина, но моменто преноќува во метрото во Харкив и не може да си замине од земјата која е нападната од Русија.

Доган се договори со Металист Харкив, клубот од вториот град по големина во Украина. Минатиот четврток кога започна руската воена инвазија на Украина, сакаше да ја напушти земјата но беше суспендиран авионскиот сообраќај.

– Спијам во подземната железница бидејќи надвор се слушаат истрели, и ми се чини дека тука е побезбедно отколку да сум во стамбена зграда – изјави Доган за „Билд“.

Абдула Доган е роден во Бремен и фудбалската кариера ја започна во Вердер, а во сениорска конкуренција играше за неколку нисколигаши.

Неодамна го прослави 25 роденден и доби можност да заигра за Металист Харкив, но наместо реализација на трансферот, го дочека војна.

– Се плашам дека повеќе никогаш нема да ги видам свршеницата и браќата и сестрите. Загрижен сум за својот живот. Ве молам извлечете ме оттука – изјави Доган.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Ќе лежеше затвор поради вечера со Путин“: Ова е актерката која бараше руско државјанство

Следно

РС Македонија и БиХ ќе ја унапредат соработката во економијата и туризмот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian