Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се подготвуваат за летниот преоден рок во кој планираат да се засилат со играчи од Серија А и тоа бесплатно.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Фабијан Руиз нема намера да го продолжи договорот со Наполи и сака да се врати во Шпанија, поточно во Реал Мадрид што би претставувало трансфер на кариерата.
Шпанецот во Наполи пристигна од Бетис во 2018 година за 30 милиони евра, а во Реал би требало да претставува замена за ветераните Лука Модриќ и Тони Крос.

Барселона пак, која направи вистински потег со ангажманот на Пјер-Емерик Обамејанг, сака истиот рецепт да го повтори и на лето кога ќе тргне по потписот со ѕвездата на Милан, Френк Кеси, кој исто така ќе биде слободен.
Италијанските новинари Матео Морето и Џанлука Ди Марцио пишуваат дека Барселона се наоѓа во пол позиција за потписот со Кеси. Според новинарите, Барселона на Кеси му нуди плата од 6.5 милиони евра, а фудбалерот наводно ја прифатил.