Радев: Смената на Јанев за време на воена криза е голем ризик

1 min read

Смената на министерот за одбрана во екот на воена криза во соседството е ризик, за која одговорност има владејачката коалиција, соопшти кабинетот на претседателот на Бугарија Румен Радев.

Радев смета дека при изборот на министер парламентарното мнозинство треба да се раководи од разбирањето на суверенитетот, професионалната компетентност и способноста да го брани бугарскиот интерес.

Тој очекува владата во Софија да ја засили работата на мерките за намалување на последиците од претстојната криза поврзани со зајакнувањето на енергетската безбедност и гарантирањето на храна (леб, брашно, итн.) на Бугарија.

Според него, владата во Софија мора да им го гарантира лебот на Бугарите. Потребни се енергични акции за спроведување на мерките, развој на вооружените сили и зајакнување на одбранбените капацитети на Бугарија, што ќе доведе до неопходни услови за зајакнување на колективната одбрана во случај на влошување на безбедносната средина во регионот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општина Кисела Вода најави финансиска поддршка за пливачот Кристијан Стојановски

Следно

ФОТО | „Ќе лежеше затвор поради вечера со Путин“: Ова е актерката која бараше руско државјанство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian